На еден навистина необичен состанок, делегација на пет НБА кошаркари и неколку официјални лица од Асоцијацијата на НБА играчи (НБПА) се сретнаа со папата Франциск во Ватикан во понеделникот, откако тој лично побара лична средба за да се разговара на темата за социјална правда.
Според Ватикан, папата сакал да научи повеќе за темите кои ги мачат НБА кошаркарите кои за време на рестартот на лигата протестираа за социјална правда, економска нееднаквост и расизам во САД. Состанокот бил толку набрзина организиран, што кошаркарите летале во недела навечер со приватен авион за аудиенција кај Франциск во 11.45 часот наутро.
Во делегацијата биле Кајл Корвер, Стерлинг Браун и Џонатан Ајсак од Орландо Меџик, Ентони Толивер, секретарот на синдикатот, Марко Белинели и Мишел Робертс, извршниот директор на синдикатот. Состанокот траел околу еден час во папската библиотека.