Top Sport

Партија на кариерата за Богдан Богдановиќ, снајперски ги среди „пеликаните“

Неверојатна партија одигра српскиот кошаркарски ас, Богдан Богдановиќ во дресот на Сакраменто Кингс на мечот одигран вечерва против Њу Орлеанс Пеликанс. „Кралевите“ триумфираа со резултат 140-125.

Српскиот бек на полувремето на мечот имаше уфрлено 24 поени во противничкиот кош, од кои дури 19 во првата четвртина. Имаше 5 тројки од исто толку обиди.


До полувремето Богдановиќ имаше 6 погодени тројки од 7 обиди, со вкупно 9/11 од игра, со што потполно „се извади“ за фијаското од пред 2 дена кога погоди само 1 шут од вкупно 15 обиди.

На крајот, српскиот ас мечот го заврши со 35 поени, 4 скока и 3 асистенции.

Со овој денешен триумф Кингси останаа во трката за плеј-офот.

Освен Богдановиќ кај Сакраменто одличен беше и Фокс со 30 поени и 10 асистенции, додека кај „Пеликаните“ најпрецизни беа Инграм и Вилијамсон со по 24 поени.

Scroll to Top