Top Sport

Партизан го потпишаа најдобриот играч во израелскиот шампионат

Американецот Кори Волден наредната сезона ќе го носи дресот на Партизан, соопшти клубот од Белград на социјалните мрежи. Волден ги покрива позициите плејмејкер и бек, во Партизан доаѓаа од Хапоел Холон.

Поранешниот судент на универзитетите Стетсон и Истерн Кентаки, изминатите две сезони играше во Хапоел, а минатата сезона беше прогласен за најкорисен играч во првенството на Изреал.

На 35 натпревари тој во просек бележел по 18,4 поени, пет асистенции и 3,6 скока.

Волден, во Европа, играл и за Остенде во Белгија. Со овој тим го освоил првенството на Белгија во 2017 година.

Во САД играл во Џи-лигата за развојниот тим на Бостон Селтикс. За Бостон настапувал во Летната лига во 2015 и 2016.

Волден е петтото засилување за Партизан во пресрет на новата сезона. Претходно со клубот договори потпишаа Намања Гордиќ, Вилијам Мозли, Жанис Пејнерс и Рашон Томас.

Scroll to Top