Top Sport

Партизан и други клубови бараат исфрлање на Црвена звезда од АБА-лигата

И покрај најавите дека на Собранието на Јадранската АБА-лига ќе се донесе одлука за исфрлање на Црвена звезда од натпреварувњето поради непочитување на комерцијалниот договор, до конечна одлука не се дојде и клубовите имаат до петок да се изјаснат за сите предлози пред да се донесе конечната одлука, јавуваат српските и хрваттските медиуми.

Клубовите бараат исклучување на Црвена звезда поради непочитување на спонзорот на натпреварувањето, но до одлука не се дојде бидејќи претставниците на белградскиот клуб не присуствуваа на состанокот во Загреб.

Scroll to Top