Top Sport

Партизан избегна срамен крај на сезоната

Партизан „преживеа“ во Подгорица, победувајќи ги со 81:79 Студентски Центар и така избегнувајќи неславен крај на ветувачката сезона.

Тимот на Жељко Обрадовиќ неочекувано го загуби првиот меч од четврт-финалето на АБА-лигата и флертуваше со пораз на гостувањето, што ќе значеше елиминација и крај на сезоната, откако претходно пропуштија 2:0 водство против Реал Мадрид во четврт-финалето на Евролигата, а не се пријавија за настап во српската лига.

Студентски Центар имаа водство во поголемиот дел од мечот, пред Џејмс Нанали да ги постигне клучните поени во финишот на мечот за 81:79 победа и „мајсторка“ во Белград. Данте Ексум со 24 поени беше најдобар за Партизан, додека Нанали додаде 23 поени.

Мајсторката на програмата е во понеделник.

Scroll to Top