Од денес на аукција во „Кристи“ се наоѓаат 11 чифта патики „Најки“ кои ги носел легендарниот Мајкл Џордан. Најголема цена се очекува да биде платена за патиките „Air Jordan 1 High“.
Овие патики Џордан ги носел на егзибицијата во Италија во 1985 година. Тогаш од силината на забивањето пукнала таблата, а парче стакло се уште се наоѓа во ѓонот од патиката.
„Тоа беше момент за паметење во историјата на овој спорт“, рекла Кејтлин Донован од аукциската куќа „Кристи“.
Според проценките овие патики ќе достигнат цена од 650.000 до 850.000 долари.
Досегашниот рекорд за спортски патики го држи „Air Jordan“. Во мај годинава беа продадени за 560.000 долари.
Патиките „Air Jordan 7 Olympic“ со кои Џордан настапил во финалето на Олимпискиот турнир во Барселона според „Кристи“ треба да достигне цена од 50.000 до 70.000 долари.