Top Sport

Патрик Јуинг останал без шампионските медали

Легендарниот кошаркар Патрик Јуинг открил дека бил ограбен. Крадците од неговиот стан во Њујорк однеле вредни работи меѓу кои биле шампионскиот НЦАА прстен и медалите од Олимписки игри.

Јуинг во 1994 година ја освои НЦАА лигата со универзитетот Џорџтаун. Шампионскиот прстен го пронашла полицијата откако бил продаден на „Ибеј“.

За разлика од прстенот, медалите не се пронајдени. Јуинг со репрезентацијата на САД освои златни медали на Олимписките игри во 1984 и 1992 година. Замени за овие медали му обезбедил поранешниот шеф на репрезентативниот програм на САД, Џери Коланџело.

Јуинг 15 години играше за Њујорк Никс, по една сезона минал во Сиетл и Орландо.

Scroll to Top