Top Sport

Пау и Марк Гасол – првите браќа со НБА титула

Шпанците Марк и Пау Гасол се првите браќа што успеале да ја освојат титулата во НБА лигата.

Пау Гасол (38) два пати ја освоил титулата, со ЛА Лејкерс во 2009 и 2010 година. На залезот на својата импресивна кариера тој го носи дресот на Милвоки Бакс. Поради повреда тој не играше во финалето на Истокот против Торонто Репторс каде една од ѕвездите е неговиот брат Марк.

Марк Гасол, во февруари оваа година, од Мемфис Гризлис пристигна во Торонто, во замена за Литванецот Јонас Валанчунас.

Во својата 11 НБА сезона тој успеа да ја освои својата прва титула.

Торонто Репторс со 4-2 ја добија финалната серија против Голден стејт Вориорс со што ја прекинаа две годишната доминација во лигата на екипата од Калифорнија.

Scroll to Top