Црногорецот Никола Павличевиќ (29 год., 192 см.) до крајот на сезоната ќе настапува за екипата на МЗТ Скопје Аеродром, откако денеска се обврза на договор со шесткратниот македонски шампион.
Павличевиќ е плејмејкер, кој минатата сезона настапуваше за унгарски Солнок, а летово беше дел од репрезентацијата на Црна Гора на Европското првенство.
Претходно има играно за Унион Олимпија, Сутјеска, Ловќен и Халман Виена.
Цроногорецот доаѓа на местото на Американецот Брет Бејли, кому му заврши тримесечниот договор со МЗТ и кој нема да биде продолжен. Тој настапи на шест средби во сино-белиот дрес во АБА-лигата со просек од 7,7 поени и 3,4 скока.
Павличевиќ е четвртиот кошаркар кој во изминатите денови го засили МЗТ, откако претходно клубот договори соработка со Спасојевиќ, Мајсторовиќ и Мавра.