Хјустон, Чикаго, Шарлот, Мајами и Голден Стејт забележаа победи на натпреварите кои изминатата ноќ се одиграа во НБА лигата.
Хјустон, во највозбудливиот натпревар, усеа да слави над Њу Орлеанс 130:123 и да ја забележи десеттатат победа во низа, вкупно 21. од почетокот на сезоната.
Кошаркарите на Њу Орлеанс одлично влегоа во натпреварот постигнаа 41 поен во првата четвртина, но тоа не им беше доволно да победат во Хјустон, бидејќи домаќинот имаше четворица играчи кои постигнаа најмалку 20 поени.
Најистакнат беше Џејмс Харден со 26 поени, 17 асистенции и 6 украдени топки. Блескаше и Клинт Капела со 28 поени, 8 скока и 5 блокади, поен помалку постигна Ерик Гордон, додека Крис Пол заврши со 20 поени, 9 скока и 6 асистенции.
Кај Њу Орлеанс Ражон рондо забележа трипл-дабл (13 поени, 12 скока, 12 асистенции), а Демаркус Казинс оствари 24 поени, 14 скока и 8 асистенции.
Чикаго успеа да го изненади Бостон и да го добие убедливо дуелот на најлошиот и најдобриот тим на Истокот со 105:85. Чикаго е во серија од три победи, а во триумфот над лидерот во Источната конференција, кој го забележа шестиот пораз во сезоната, ги предводеше Никола Миротиќ со 24 поени и 8 скока.
Шарлот успеа да победи во Оклахома 116:103. Искусниот центар Двајт Хауард го предводеше Шарлот со 23 поени, додека на спротивната страна најефикасен беше Расел Вестбрук со 30 поени.
Мајами го декласира Мемфис 107:82. Најдобриот играч од последното Европско првенство, Горан Драгиќ, забележа 19 поени и по 5 скока и асистенции.
Демијан Лилард потигна 39 поени, кои не беа доволни Портланд да го избегне поразот од Голден Стејт 104:111. Актуелниот шампион во отсуство на Стеф Кари и Дрејмонд Грин го предводеа Кевин Дурент со 28 и Клеј Томпсон со 24 поени.