Top Sport

Пеликаните немоќни против Дурент, брејк на ГС во Њу Орлеанс (Видео)

Кошаркарите на Голден Стејт Вориорс по победата над Њу Орлеанс Пеликанс 118:92 се на чекор до пласманот во финалето, во Западната конференција во НБА лигата. Вориорс во серојата поведоа со 3:1, а наредниот меч ќе го играат на домашен терен.

Актуелните шампиони од почетокот на најавија дека нема да дозволат уште еден пораз во Њу Орлеанс. Од стартот заиграа ангажирано во одбраната, а во нападот ги предводеше Кевин Дурент. Првата четвртина Вориорс ја добија со 37:22, но иако домаќинот на полувреме имаше седум поени негатива, јасно беше дека тешко може да излезе како победник.

Дурент доминираше со 38 поени, девет скока и пет асистенции, Стеф Кари постигна 23, а Клеј Томпсон 13 кошеви. Пеликаните ги предводеше Ентони Дејвис со 26 поени и 12 скока.

Четвртиот меч се игра во Оукленд, в среда од 4:30 часот.

Scroll to Top