Ентони Дејвис имаше 27 поени и 11 скока за Њу Орлеанс пеликанс да стигнат до четврта победа во низа, задржувајќи ги Хјустон рокитс со 115:113, но вечерта беше расипана со повредата на Демаркус Казинс.
DeMarcus Cousins is helped off the court after sustaining an apparent left leg injury. pic.twitter.com/c3wdNCo4JA
— ESPN (@espn) January 27, 2018
Пеликанси, за кои ова е седма победа во последните осум натпревари, на 10 секунди пред крајот го загубија Демаркус Казинс кој доби повреда на левиот скочен зглоб, завршувајќи го мечот со 15 поени, 13 скока и 11 асистенции. Според клубот, можно е тој да биде во аут до крајот на сезоната.
Јанис Антетокумбо се врати од два натпревари пауза за да постигне 41 поени и да помогне Милвоки со 116:91 да ги растури Бруклин нетс. Грчкиот „фрик“ имаше 14-од-20 успешност и 11 погодени од линијата за слободни фрлања, а додаде и 13 скока, седум асистенции и две курадени топки. Бакси сега имаат 2-0 скор по отпуштањето на Џејсон Кид.
Леброн Џејмс имаше 26 поени за да има трипл-дабл учинок, а Џ.Р. Смит додаде 23 поени за Кливленд да ги минат Индијана пејсерси. Џејмс додаде 11 асистенции и 10 скока, додека Смит имаше дури седум тројки за Кавс првпат да ги победат Индијана во четвртиот дуел оваа сезона.
Центарот Тристан Томпсон имаше 10 поени и 10 скока, негов втор дабл-дабл оваа сезона менувајќи го Џеј Краудер во стартниот состав откако тренерот Тајрон Лу вети менување на работите откако Кавси загубија 10 од претходните 13 меча.
НБА РЕЗУЛТАТИ
Њу Орлеанс – Хјустон 115:113
Милвоки – Њу Џерси 116:91
Кливленд – Индијана 115:108
Bucks 116, Nets 91
Портланд – Далас 107:93
Л.А.Клиперс – Мемфис 109:100
Филаделфија – Сан Антонио 97:78
Л.А.Лејкерс – Чикаго 108:103
Њујорк – Феникс 107:85
Јута – Торонто 97:93
Шарлот – Атланта 121:110