Top Sport

Перасовиќ: Некои не сакаат да чујат да играат за Хрватска

Хрватска не успеа да се квалификува на кошаркарскиот Мундијал во Кина, а поранешниот селектор Велимир Перасовиќ вели дека ситуацијата е таква што многу од кошаркарите избегнуваат да играат за репрезентацијата.

Хрватите може да настапат на Олимпијадата во Токио во 2020, но за тоа треба да добијат покана од ФИБА а квалификациски турнир. Перасовиќ, кој беше селектор во 2015, е разочаран од ситуацијата.

„Не можам да знам како е бидејќи не сум таму. Но, најголемиот проблем е што нашите кошаркари не сакаат да играат за репрезентација. Ќе ги повикаш, а тие ќе ти спуштат слушалка. Јавноста не го знае тоа, но и јас имав ист проблем, и тоа е борба со ветерници. Јас нема повторно да бидам селектор бидејќи сакам да работам во клупска атмосфера“, вели Перасовиќ за „Спортклуб“.

Scroll to Top