Top Sport

Перо Антиќ со тројка го шокира Мадрид (Видео)

Кошаркарите на Црвена звезда ја прекинаа серијата од пет порази во Евролигата со триумфот во Мадрид над Реал 87:83. Меч винер беше Перо Антиќ кој на 7,7 секунди до крајот ја постигна решавачката тројка.

Црвена звезда со тројки (17/40) и офанзивниот скок (11) го сруши „кралот“ во Мадрид. Регионалниот шампион одигра храбро во текот на сите 40 минути и максимално го искористи проблемот на кој Реал го има со повредените играчи и фактот дека Пабло Ласо мечот го започна без најзначајниот играч, Лука Дончиќ.

Со исклучок на првата четвртина Црвена звезда во останатиот дел од натпреварот имаше целосна контрола врз она што се случуваше на теренот.

Белградскиот тим водството го презеде во 16.минута, неколку пати имаше двоцифрена предност, а иако Реал во последните две минути успеа да израмни, не успеа да направи и целосен пресврт.

Реал скапо го чинее непотребните четири лични грешки, во два напади, кои Керол и Кампацо ги направија врз Давидовац. Од друга страна во финишот Антиќ доминираше во одбраната на Црвена звезда, со една блокада врз Кампацо, а потоа во клучниот напад за Реал го принуди Дончиќ да ја загуби топката.

Во наредниот напад Антиќ погоди тројка со која го реши победникот.

Македонецот натреварот го заврши со 11 поени (3/8 за три), 4 скока и една асистенција за речиси 26 минути колку што мина на теренот.

Црвена звезда ја предводеа Рочести со 18 поени, 2 скока и 7 асистенции и Бјелица со 16 поени и 6 скока. Двоцифрен кошгетерски ефект имаа уште Добриќ и Фелдин, двајцата постигнаа по 10 поени.

Реал кој го запиша петтиот пораз на последните шест натпревари го предводеше Дончиќ со 20 поени, 3 скока и 5 асистенции.

Scroll to Top