Top Sport

Перо Камерон ќе го предводи Нов Зеланд

Поранешниот репрезентативец на Нов Зеланд Перо Камерон е нов селектор на националниот тим на оваа земја. Тој ќе ги предводи „Тол Блекс“ низ квалификациите за пласман на Олимписките игри во Токио.

Камерон кариерата ја заврши во 2010 година. Оттогаш тој е дел на стручниот штаб на репрезентацијата.

Како играч блесна на Светското првенство во 2002 година, кога Нов Зеланд во Индијанаполис го освои четвртото место. Камерон заедно со Емануел Џинобили, Предраг Стојаковиќ, Дирк Новицки и Јао Минг беше избран во идеалниот тим на тоа светско првенство.

Легендата на Нов Зеланд е член на кошаркарската „Куќа на славните“ во Спрингфилд.

Нов Зеланд во квалификациите за Токио ќе играат во А-групата во Белград, против Србија и Доминиканската република.

Scroll to Top