Top Sport

Пешиќ: Ако не се смени нешто, ова ќе биде последен медал за Србија

Селекторот на српската кошаркарска репрезентација, Светислав Пешиќ изјави дека е горд на своите кошаркари и покрај загубеното финале од Германија на СП во Манила на Филипините, но предупреди дека ако нема промени, ова ќе биде последен медал за нив во долг период.

„Долго сме заедно, ајде да направиме уште еден успех и да освоиме злато. Има кажав дека сум горд на нив, тука сме од 17 август, како вистинско семејство. Сите ги сакам многу, тие веруваат во тоа што го правиме, јас им верувам целосно. Нам, искрено, ни фали доста, имавме проблеми… Ни недостасува ротација, ни фалеше Милутинов. Имам обврска да вратам нешто на српската кошарка, која ме направи и мене. Овој резултат, не сме свесни колку е добар. Овој медал нема да смени ништо во кошарката. Тоа е песимистички од моја страна, но нема да ги реши проблемите. Медалот е за тие кои навиваа за нас. Но, луѓето кои се задолжени за нашата кошарка, мораат да направат промени, бидејќи во спротивност нема да има други медали. Во Србија нема лига. Како ќе развиваме кошарка без лига? Видете ја германската лига, една од најдобрите на светот. Ако по ова не се договориме, не репрезентацијата, туку клубовите да најдат начин да ја развиваат кошарката, нема да има резултати. И којзнае кога ќе дојде следниот медал. Толку, немој повеќе да ме влечете за јазик“, изјави Пешиќ.

Scroll to Top