Top Sport

Пешиќ: Србија не може до медал на СП

Српскиот селектор, Светислав Пешиќ призна дека е тешко да се очекува дека неговиот тим ќе биде кандидат за медал на Светското првнство кое почнува на 25 август.

По потврдата дека првите две српски ѕвезди, Никола Јокиќ и Василије Мициќ не ја прифатиле понудата да биде дел од составот, Пешиќ смета дека има многу посилни репрезентации од нивната. Србија е во група со Јужен Судан, Кина и Порторико, а потоа во втората рунда се вкрстува со групата во која се Ангола, Доминиканската Република, Филипини и Италија.

„Најдобриот дел од српската кошарка се кошаркарите и јас ги знам нив, нивните квалитети и мани, и човечки и кошаркарски. Ова ќе биде најдоброто од српската кошарка, така што ќе имаме среќа ако се квалификуваме. Медали нема да биде. Во Србија имаме ситуција во која кошарката станува средство за остварување на други цели, а не вистински цел. Кога кошарката беше цел, тогаш имавме и резултати. Ако тоа не го смениме, ќе ни се смеат. Затоа подржете ги овие играчи, бидејќи имаат талент, срце и знаење“, изјави Пешиќ.

Scroll to Top