Тренерот на Барселона, Светислав Пешиќ не беше многу среќен што пред натпреварот во кој каталонскиот клуб ја загуби титулата од Реал Мадрид беше интервјуиран од страна на новинарка која доаѓа од Мадрид.
Реал во петокот победи со 74:68 во Барселона и ја одбрани титулата од АЦБ лигата, но пред натпреварот, кога српскиот тренер требаше да даде интервју за „Мовистар“, прво ја праша новинарката Милена Мартин, од каде доаѓа, пред тој да направи една „чудна фаца“.
Los tricks de Pesic a @MilenaMartinn
SP ¿De dónde vienes?
MM Yo soy de Madrid??? pic.twitter.com/Vtjdjxz8Ru
— David Manzano (@dmanzano1971) June 21, 2019