Top Sport

Пешкир на Коби Брајант продедан за 33.000 долари

Пешкирот на легендарниот американски кошаркар Коби Брајант е продаден на аукција за 33.000 долари.

Тој пешкир бил на рамената на Брајант пред тој да го одржи својот говор по последниот натпревар во кариерата, на 13 април 2006 година.

Брајант тогаш против Јута Џез во Лос Анџелес постигна 60 поени и во голем стил ја заврши професионалната кариера.

Додека го напушта теренот пешкирот му го зел еден навивач на ЛА Лејкерс кој подоцна го продал за 8.000 долари.

На новата аукција пешкирот е продаден за четири пати поголема сума.

Коби Брајант, заедно со ќерката Џијана, загина во трагична хеликоптерска несреќа.

Scroll to Top