Кошаркарскиот клуб Барселона објави дека тренерот Светислав Пешиќ го продолжил договорот за уште две години. Пешиќ во Барселона ќе остане до 30 куни 2021 година.
Пешиќ е во Барселона од средина на сезоната 2017/2018, клубот го водел на 240 натпревари во Ендеса лигата, Купот на Шпанија и Евролигата и забележал 172 победи и 68 порази, односно победил на 72 отсто од натпреварите.
Сезонава со Барслеона го освои трофејот во Купот на Шпанија, но не успеа да ја прекина доминацијата на Реал Мадрид во Ендеса лигата.