Top Sport

Пети Милс во Бруклин Нетс

Репрезентативецот на Ацстралија, Пети Милс, кариерата ќе ја продолжи во Бруклин Нетс.

Кошаркарот кој пред една недела со 42 поени и обезбеди бронза на Австралија на Олимписките игри во Токио, во Бруклин пристигна како слободен играч.

Милс две години играше за Портланд, а потоа една деценија го носеше дресот на Сан Антонио. Во кариерата има одиграно 739 натпревар, на кои бележи просек од 8,9 поени, 2,3 асистенции и 1,7 скока.

Милс со Бруклин потпиша двегодишен договор, тежок 12 милиони долари.

Scroll to Top