Top Sport

Петмина заразени во Лејкерси – Коронавирусот се шири по НБА лигата

Петмина кошаркари на Лос Анџелес Лејкерс, се позитивни на коронавирусот. Покрај Расел Вестбрук, на листата се и Двајт Хауард, Ајвери Бредли, Малик Монк, Тејлен Хоротон-Такер.

Лејкерси, до крајот на оваа недела треба да одиграат два натпревари, против Минесота и Чикаго. Во овој момент нема информации дали овие натпревари ќе бидат одложени.

Коронавирусот повторно е голем проблем за НБА лигата. Од вкупно 63 позитивни случаи од почетокот на сезоната, 47 се од почетокот на декември.

Проблем со вирусот има и во Сакраменто. Кинг, вчера го затворија тренинг-центарот. Не е познато колку заразени има во овој тим.

Scroll to Top