Top Sport

Пипен: Џордан и Леброн не се скорени од ист штоф

Легендарниот Скоти Пипен, соиграч на Мајкл Џордан од славните времиња на Чикаго Булс, рекол дека Леброн Џејмс не е „скорен од ист штоф“ како „летечкиот Џордан“.

„Кога го гледам Леброн, не е онаков каков што беше Мајкл. Не дури ни она што беше Коби Брајант како кошаркар. Кога се обидувате да го споредите со инстинктот на Мајкл, способноста да преземе контрола врз натпреварот, начинот да го земе последниот шут…Леброн го нема тој ген, го нема во себе. Коби го има тој ген, малку го гледам во Пол Џорџ, Ленард, Вестбрук, но нема многу играчи со таков став“, рекол Пипен.

Пипен и Џордан беа дел од екипата што освои шет титули со Чикаго Булс во исто толку финални натпревари. Леброн Џејмс во досегашната кариера освоил три титули, а играл вкупно во осум финалиња.

Scroll to Top