Скоти Пипен во интервју за ЕСПН ја „разгоре“ дискусијата за најдобриот НБА кошаркар на сите времиња, откако призна дека Леброн Џејмс најверојатно е пред неговиот поранешен колега Мајкл Џордан, ако се зборува за статистиката.
„Бројките не лажат. Тој е таму некаде. Најверојатно нема да го стигне никогаш според бројот на МВП награди, но статистиката е тука. Ако се погледнат и другите работи, не само поените, како асистенциите, скоковите, тогаш најверојатно е и пред него“, вели Пипен.
Ако навистина се погледнат бројките, ситуацијата е релативно израмнета. Џордан во 15 сезони и 1.072 натпревари има 30.1 поени, 6.2 скокови, 5.3 асистенции и 3.1 украдени топки/блокади. Леброн – 15 сезони, 1.089 натпревари, 27.2 поени, 7.3 скокови, 7.1 асистенции и 2.4 украдени топки/блокади. Статистички, Леброн е поефикасен шутер, супериорен во скоковите и подобар асистент.
Но, ако се погледне историјата – Џордан реши да остане три дополнителни години на Универзитетот на Северна Каролина наместо да дојде во НБА, а покрај тоа, тука е и супериорниот скор од 6-0 во НБА финалињата. Дури и Леброн неодамна призна.
„Мојата мотивација е духот кој го бркам. Духот играше во Чикаго“, изјави Џејмс.