Top Sport

По 15 години и освоени 7 медали – Чачо Родригез ја напушта „Фуријата“

Кошаркарскиот плејмејкер Серхио (Чачо) Родригез веќе нема да настапува за селекцијата на Шпанија. По 15 години, тој одлучи веќе да не игра за националниот тим.

Популарниот Чачо има 35 години и ОИ во Токио беа последното натпреварување во дресот со државниот грб за него.

Со „Фуријата“ осцои 7 медали – сребро и бронза на ОИ, злато на СП, злато, сребро и две бронзи на ЕП.

Со селекцијата до 18 години на Шпанија освои злато на ЕП.

Scroll to Top