Top Sport

Почина легендарниот НБА кошаркар – „џезерот“ Марк Итон

Легендарниот НБА центар на Јута Џез, Марк Итон почина во 64-тата година од животот откако заминал да вози велосипед и повеќе не се вратил.

Итон, целата НБА кариера ја помина во Јута, за „џезерите“ играше од 1982 до 1993 година, а дресот со број 53 беше повлечен во негова чест.

Во 1989 година беше дел од Ол-стар, двапати беше прогласуван за дефанзивец на годината, а трипати наоѓаше место во најдобрата дефанзивна петорка во лигата.

Марк Итон го држи рекордот по бројот на блокади во една сезона – вкупно 456.

Scroll to Top