Top Sport

Почина легендата на Глобтротерси, Фред „Карли“ Нил! (видео)

Во Њујорк на 77 години почина Фред „Карли“ Нил, легендарниот кошаркар на Харлем глобтротерс, славните американски кошаркарски забавувачи.

Нил имаше над 6.000 настапи за Глобтротерси од 1963 до 1985 година, а тие го повлекоа неговиот дрес со број 22 во 2008, како петти кошаркар со ваква чест, по Мидоуларк Лемон, Маркес Хејнс, Гус Тејтум и Вилт Чембрлен.

„Светот загуби вистински амбасадор на кошарката и покрај Мухамед Али еден од најпрепознатливите спортисти на светот“, напиша на Твитер неговиот соиграч Карли „Бу“ Џонсон.

Покрај тоа што беше магионичар со топката за Глобтротерси, Нил имаше успешна колеџ-кариера за Џонсон Смит Универзитетот, постигнувајќи просечно по 23 поени по меч.

Scroll to Top