Top Sport

Почина поранешниот комесар на НБА-лигата Дејвид Стерн

Долгогодишниот комесра на НБА-лигата Дејвид Стерн почина во својата 77 година како последица од мозочниот удар кој го доживеа пред две недели, објавија американските медиуми.

Стерн е роден во Њујорк, дипломирал право на универзитетот Колумбија. Бил комесар на НБА-лигата од 1 февруари 1984 година до 2014 година кога самиот се повлече од функцијата.

Кариерата на Стерн е поврзана со бројни скандали, но неподелени се мислењата дека тој ја спасил НБА-лигата, бидејќи успеа да ја исчисти од кокаин, алкохол и бројните тепачки на терените.

Првиот драфт во неговиот мандат за многумина е скандалозен. Теоретичарите на завери тврдат дека драфтот бил наместен и дека на тој начин Патрик Јуинг завршил во Њујорк Никс.

Scroll to Top