Top Sport

Почина поранешниот селектор Марјан Лазовски

Марјан Лазовски, долгогодишниот спортски работник, почина на 58 годишна возраст, во Скопје, од последиците на коронавирусот.

Лазовски, во изминатиот период беше хосиптализиран на инфективната клиника ов Скопје, каде лекарите не успеаја да спасат неговиот живот.

Марјан Маки Лазовски беше долгогодишен играч на Вардар, МЗТ Скопје, АМАК-СП, Пелистер, Торус и во Работнички.

Беше во стручниот штаб на Марин Докузовски, кога репрезентацијата го освои четвртото место на ЕП, а потоа во 2012 година ја предводеше маката селекција. Во периодот од 2017 до 2019 година, Лазовски беше селектор на женската селекција.

Scroll to Top