Top Sport

Погледнете што му скандираа српските навивачи на Јокиќ пред арената во Мајами

Никола Јокиќ, изминатата ноќ одигра натпревар каков што не беше виден во една финална серија во НБА лигата. Стана првиот со најмалку 30 поени, 20 скока и 10 асистенции.

Денвер Нагетс одговорија на предизвикот, го вратија брејкот и сега водат против Мајами Хит со 2:1.

Јокиќ во победата 109:94 забележа 32 поени, 21 скок и 10 асистенции во победата. Покрај Јокиќ, трипл дабал забележа и Џамал Мареј (34 поени, 10 скока, 10 асистенции).

По натпреварот пред арената во Мајами, Јокиќ го чекаше една група српски навивачи. Меѓу другото пееја „чиј коњ јаваш Никола“. Јокиќ е голем љубител на коњи и има неколку во Сомбор, а неговиот прв и омилен се вика „Dream Catcher“.

Scroll to Top