Ѕвездата на Лос Анџелес клиперс, Пол Џорџ ќе го пропушти стартот на НБА сезоната бидејќи уште се опоравува од операцијата на левото и десното рамо, потврди тој во интервју за „ЕСПН“. Џорџ очекува да се врати на терените во ноември, што значи дека ќе го пропушти тренинг-кампот, како и првиот меч од сезоната против Лос Анџелес лејкерс на 22 октомври.
Џорџ, кој пристигна кај Клиперси заедно со Кавај Ленард ова лето, имаше операција на десното рамо во мај и операција на левото рамо пет недели подоцна.
„Сега сум на 85-90 отсто од подготвеноста. Имам уште работа, треба да ја вратам силата, но задоволен сум од развојот на опоравувањето“, вели Џорџ.
29-годишниот Џорџ имаше одлична 2018/19, во која имаше просек од 28 поени, 8.2 скока и 2.2 украдени топки.