Ѕвездата на Лос Анџелес клиперс, Пол Џорџ ужива во летниот одмор во Грција со својата српска сопруга Даниела Рајиќ, а очигледно за опуштање на нивната јахта е доволна српска турбо фолк музика.
Рајиќ, со која Џорџ има две деца, на Инстаграм се пофали со фотографии и со видео од нивните моменти за опуштање. Рајиќ, инаку е поранешна стриптизета, а на почетокот на нивната врска, Џорџ не сакаше да го признае татковството на првото дете, иако, потоа очигледно работите се „средија“.