Официјалниот почеток на подготовките за кошаркарите на САД е на 5 август во Лас Вегас, а по бројните откажувања на НБА-ѕвездите, селекторот на Американците, Грег Попович најпосле успеа да собере тим за Мундијалот во Кина.
Последни меѓу новоповиканите се Бем Адејо од Мајами и минатогодишниот руки, Џере Џексон од Мемфис по последните откази на Андре Драмонд и Монтрезл Херел.
Успеа Попович да пронајде 16 играчи кои ќе ги подготвува за во Кина, а четворица ќе мораат да отпаднат од тимот.
На подготовките сега ќе бидат Харисон Барнс, Џејлен Браун, Кајл Кузма, Брук Лопез, Кајл Лаури, Крис Мидлтон, Донован Мичел, Мејсон Пламли, Џилиус Рендл, Маркус Смарт, Џејсон Тејтум, Пи Џеј Такер, Мајлс Тарнер, Кемба Вокер и Тадиус Јанг.
Дури деветмина од овие играчи освоиле злато со националната селекција во минатото, а покрај Попович, во стручниот штаб се и Стив Кер, Лојд Пирс и Џеј Рајт.