Top Sport

Попович: Крадам од тактиките на Обрадовиќ и Ивковиќ, ќе ме уапсат!

Пред патот за Јапонија на американската кошаркарска репрезентација, новинарите го потсетија селекторот Грег Попович на една негова изјави дека презема дел од тактиката што ја применуваат истакнатите српски кошаркарски тренери – Жељко Обрадовиќ и Душан Ивковиќ.

Го прашаа дали дел од таа тактика ќе користи и во Токио:

„Не знам, зависи против кого ќе играме. Не крадам само од нив, крадам од кого ќе стигнам затоа што сепак имам пола мозок, а има толку многу паметни луѓе околу мене. Не сум толку добар да измислам велосипед, јас следам, мислам дека сите тренери гледаат што прават нивните конкуренти. Малку ќе земеш од едниот, малку од другиот, но тие двајца тренери (Жоц и Дуда) се многу добри луѓе, треба да се краде од нив затоа што се остроумни. Не можат да ме уапсат поради тоа, или можат“ рече Попович
Тој ќе биде предводник на „дрим-тимот“ на САД во Токио, првиот фаворит за олимпиското злато.

Scroll to Top