Top Sport

Поради „долгиот јазик“ Грин ќе остане без 50.000 долари

Кошаркарот на Голден Стејт Вориорс, Дрејмонд Грин е познат по својот „долг јазик“, а токму тоа сега ќе го чини 50.000 долари

Грин е казнет од НБА лигата затоа што на тв емисија коментирал дека најдобриот играч на Феникс Санс, Дејвин Букер мора да го промени тимот и да игра за некоја подобра екипа со која ќе се бори за шампионскиот прстен.

„Не е добро за него, за неговата кариера, мора да и оди од Феникс, мора да оди во тим каде ќе игра добра кошарка цело време и каде што ќе победува“ – рече Грин.

Водителот на емисијата каде гостувал Грин го прашал „Дали може оваа негова изјава да се разбере како `вршење притисок врз играч` што е строго забрането во НБА?

Грин одговорил кратко – „Можеби“.

Поради тоа е казнет со 50.000 долари.

Scroll to Top