Австралискиот кошаркар Џок Лендејл потпиша двегодишен договор со НБА тимот на Сан Антонио Спарс. Австралиецот кој една сезона го носеше дресот и на белградски Партизан конечно си го оствари сонот да заигра во најсилната светска кошаркарска лига.
Првата година од договорот му е загарантирана, а иако имаше неколку понуди од Европа, одлучил да го засили тимот од Тексас предводен од селекторот на САД – Грег Попович.
Лендејл доаѓа во Сан Антонио со медал од ОИ во Токио, Австралија ја совлада Словенија во борбата за бронзата. Таму центарот бележеше по 12,8 поени и 4,7 скока по меч.
OFFICIAL: Spurs sign Jock Landale.
More ➡️ https://t.co/usIwj1DER7 pic.twitter.com/vFncbsMbKw
— San Antonio Spurs (@spurs) August 20, 2021