ЛА Клиперс победи во Хјустон, а Голден Стејт против Лос Анџелес Лејкерс во двата најеинтересни натпревари кои изминатата ноќ се одиграа во НБА лигата.
Клиперси го изненадија лидерот во Западната конференција и предводени од Лу Вилиајмс, Остон Риверс и Деандре Џордан го изненадија лидерот. Клиперс играа без Милош Теодосиќ кој со одлука на тренерот го пропушти натпреварот додека повредени се Блејк Грифин, Данило Галинари и Патрик Беверли.
Во ваков однос на силите блеснаа Риверс (36 поени, 7 асистенции), Вилијамс (32 поени, 7 асистенции) и Џордан (15 поени, 20 скока).
Залудна за Хјустон беше извонредната партија на Џејмс Харден кој постигна 51 поен.
Поразот на Хјустон го искорости шампионот Голден Стејт кој со победата над Лејкерси 113:106 се искачија на челната позиција на табелата. Шампинот го предводеше Кевин Дурент со 33 поени и по седум скока и асистенции. Дрејмонд Грин се врати во тимот и забележа 13 поени, 11 скока, 7 асистенции, а дебитантот Џордан Бел имаше 20 поени и 10 скока.
Кај Лејкерси Лонзо Бол завеши со 24 поени и по пет скока и асистенции, а Кај Кузма оствари 27 поени и 14 скока.
Резултати:
Детроит Пистонс-Њујорк Никс 104:101
Орландо Меџик-Њу Орлеанс Пеликанс 97:111
Бруклин Нетс-Вашингтон Визардс 119:84
Мајами Хит-Далас Маверикс 113:101
Милвоки Бакс-Шарлот Хорнетс 109:104
Оклахома Тандер-Атланта Хокс 120:117
Портланд Трејлблејзерс-Денвер Нагетс 95:102