Top Sport

Портланд му врачија отказ на Гасол

Портланд Трејлблејзерс го отпуштија Пау Гасол откако тој не успеал да се рехабилитира по операцијата на левата нога. Можно е Гасол да остане во Портланд, но на некоја друга функција во клубот.

Франшизата од Орегон која кошаркарот ја имал во договорот, дека можат да го отпуштат додека тој се наоѓа во првата година од договорот.

Гасол ќе остане во Портланд за да го заврши процесот на рехабилитација. Многу е веројатно дека тој ќе остане да работи како тренер во оваа франшиза.

Гасол има 39 години, а досега во своите изјави не ја спомнал можноста да ја заврши кариерата. Минатото лето изјави дека имал желба да одигра уште некој натпревар за репрезентацијата на Шпанија.

Овој Каталонец зад себе има 18 години во НБА лигата. Бил играч на Менфис, ЛА Лејкерс, Чикаго, Сан Антонио и Милвоки. Два пати бил шампион со ЛА Лејкерс, а во репрезентативната кариера не успеал да освои само златен медал на Олимписките игри.

Scroll to Top