Top Sport

Потпишал договор, одбил да се вакцинира – добил отказ!

Американскиот кошаркар Квинси Форд планирал претстојната сезона да ја помине во дресот на ВЕФ Рига. Од летонскиот шампион потпишале договор, но пред да започне соработката – дошло до прекин на договорот.

„Форд не сака да се вакцинира, што оневозможува тренирање со тимот во Летонија, а значително ги отежнува и патувањата, па дури и играњето натпревари. Се согласивме да не ја продолжиме соработката, уште не започната. За да бидеме одговорни кон себе и кон друштвото, за целата сезона да ја поминеме во здравје и без непотребни паузи, сите играчи и членови на ВЕФ Рига ќе бидат вакцинирани, слично е и во другите професионални клубови“ изјави претседателот на клубот, Гатис Јахович.

Американскиот крилен кошаркар сега ќе мора да пронајде нов клуб, а на негово место Рига го ангажираше Рејшон Хемондс, поранешен студент на универзитетот „Џорџија“.

Scroll to Top