Top Sport

Потрес во АБА лигата – исфрлен тимот на Приморска

Регионалната кошаркарска АБА лигата ќе продолжи со еден тим помалку. Оваа одлука е официјална, тимот на Приморска од Копер (Словенија) е исфрлен од лигата, а мечот од 11. коло меѓу Приморска и Сплит нема да се одигра.

Сите досегашни мечеви од оваа сезона што ги одиграл тимот на Приморска ќе бидат во корист на противниците и тоа со резултат 20:0.

Тимот од Словенија уште минатата сезона западна во финансиски проблеми, но сепак клубот смогна сили за настап во регионалното натпреварување.

Скопски МЗТ беше резервата во елитното регионално натреварување сезонава доколку Приморска не успее да ги консолидира редовите, но до тоа не дојде.

Според правилата на АБА, само последнопласираната екипа сезонава директно испаѓа од лигата, а 13-тиот тим на табелата ќе игра плеј-оф за опстанок со второпласираниот тим од АБА2.

Scroll to Top