Top Sport

Повторно браќа: По три децении Меџик Џонсон му се извини на Томас (Видео)

Легендите на ЛА Лејкерс и Детроит Пистонс, Меџик Џонсон и Ајзеа Томас некогаш беа најдобри пријатели. Во 80-те години од 20.век тоа беше вистинска реткост во НБА лигата, такво пријателство да владее меѓу кошаркари кои се ривали на теренот.

Пријателството „пукна“ кога по двете финалиња кои ги одиграа ЛА Лејкерс и Детроит Пистонс во 1988 и 1989 година. Детроит стави крај на една од најдобрите генерации во историјата на Лејекрси и воопшто во НБА лигата.

Потоа Меџик Џонсон дури извршил притисок Ајзеа Томас, во тоа време најдобриот плејмејкер во НБА лигата, да не биде во оригиналниот „Дрим тим“ кој во 1992 година се натпреваруваше на Олимписките игри во Барселона.

Меџик сметал дека Ајзеа шири гласини за неговата наводна бисексуалност и хомосексуалност.

Сепак легендите успеаја да го обноват своето пријателство. Во вторникот на „НБА ТВ“, во емотивен разговор ги „израмнија сметките“.

Погледнете како Меџик му се извини на Томас.

Scroll to Top