Top Sport

Пред една година се бореше со Леброн, сега со 200 кг. одвај се движи

Поранешниот кошаркар на НБА тимот, Портланд – Кејлеб Швениген пред една година го одигра својот последен меч. Овој 24-годишен кошаркар остана без договор на крајот на минатата сезона, а сега изгледа непрепознатливо.

Тој се појавил пред судот во Индијана под обвинение за недозволено поседување на марихуана поради што лани беше уапсен.

Сега веќе екс-кошаркарот има околу 200 килограми. Тој кога имаше 13 години тежеше 160 килограми на висина од 188 сантиметри.

Сепак, во тинејџерските денови доживеа голема трансформација и стана ѕвезда на колеџот „Пурди“.

Во НБА лигата дојде во 2017 година, беше избран како 26. пик од тимот на Портланд, а освен за Треилблејзерси, го носеше дресот и на Сакраменто Кингс.

Еве како изгледа сега тој:

Scroll to Top