Top Sport

„Пред осум години мојата мајка продаваше работи на улица, а сега јас сум на врвот“

Јанис Адетокумбо со 50 поени, по 50 години ја врати НБА титулата во Милвоки. Во 1971 година херои на Бакс беа Луи Алсиндор, кој подоцна стана Карим Абдул-Џабар и Оскар Робертсон, од вчера тој статус го има и Адетокумбо.

Јанис, очекувано, беше прогласен за МВП на финалната серија, во која во просек бележеше по 35,2 поени, 13,2 скока и пет асистенции.

„Се надевам дека на луѓето им дадов надеж дека него може да се направи. Пред осум години, мојата мајка продаваше работи на улица, а сега јас сум на врвот. Благословен сум. Сите треба да веруваат во своите сништа“, рекол Адетокумбо.

Адетокумбо ја доби почитта од колегите, аналитичарите и тренерите бидејќи во изминатите години ги одби понудите да се пресели во тим каде полесно би ја освоил титулата (Голден стејт, ЛА Лејкерс).

„Не сакав да заминам. Имав работа која сакав да ја завршам. Милвоки е мојот град. Милвоки веруваа во мене и во сите нас, драго ми е што успеавме. Можев да одам во супер-тим, да го сработам своето и да станам шампион. Јас, решив да одам по потешкиот пат“, заврши МВП на финалната серија.

Scroll to Top