По само три кола во кошаркарската Евролига, падна првата тренерска глава. Аргентинецот Пабло Приџони сам си поднесе оставка на тренерската функција во Басконија. Приџони замина по поразот на домашен терен од Валенсија (63:80).
Басконија во воведните три кола нема победа во Евролигата, односно има само две победи на последните осум натпревари во сите натпреварувања. Поради лошите резултати, Приџони реши да поднесе оставка.
Пабло Приџони е легенда на аргентинската кошарка и на овој клуб каде што мина значаен дел од кариерата како играч. Аргентинецот минатата сезона ја заврши кариерата и веднаш започна да работи како тренер.
Шпанските медиуми тврдат дека Приџони ќе го наследи Дејан Радоњиќ, најуспешниот тренер во историјата на Црвена звезда, со која три години владееше во регионалната АБА-лига и бележеше значајни резултати во Евролигата.