Top Sport

Проблем за Вориорс, Кари е повреден

Плејмејкерот на Голден стејт Вориорс, Стеф Кари, пред време го заврши натпреварот против Милвоки Бакс.

Кари се здобил со повреда на левата нога, поради што го напуштил теренот на 6:50 минути до крајот на третиот период.

Степенот на повредата ќе биде познат во текот на денот кога на еден од најдобрите играчи во лигата ќе му биде извршен преглед со магнетна резонанца.

Кари, против Минесота, го одигра најлошиот натпревар од стартот на сезоната, за 26 минути постигнал 10 поени. Минесота ги декласира шампионите со 134:111.

Кари е третиот играч што се наоѓа на листата на повредени играчи. Против Милвоки во тимот ги немаше Дрејмонд Грин и Шон Ливингстон.

Scroll to Top