Четири кошаркари на Хјустон Рокетс завршија во самоизолација на 7 дена и ќе ги пропуштат следните два натпревари на својот тим, објави „The Athletic“.
Џон Вол, Ерик Гордон, Мејсон Џонс и ДеМаркус Казинс не се позитивни на Ковид 19, но биле во контакт со заразен со вирусот па нема да бидат со екипата на дуелите против Портланд, односно Денвер.
На почетокот на неделава тестовите покажаа дека позитивни на вирусот се Бен Меклемор и Кенион Мартин.
Се очекува во стартната петорка на дуелот против Портланд да се појави Џејмс Харден кој во средата беше казнет од НБА лигата со 50.000 долари поради кршење на протоколите во врска со здравјето и сигурноста во лигата. Протоколот забранува собирање во просторија каде што има 15 или повеќе луѓе, во бар или клуб.