Top Sport

Продолжува распадот на Приморска, замина и тренерот Големац

Продолжува распадот на Приморска, хит екипата во досегашниот тек од сезоната во АБА лигата. Словенечките медиуми во петокот објавија дека екипата ја напуштил творецот на овој тим, тренерот Јурица Големац.

Приморска преку АБА2 лигата и победата над МЗТ се пласира во АБА лигата, меѓутоа поради финансиските проблеми тимот се распаѓа.

Поради доцнењето на платите од Приморска веќе заминаа тројца играчи: Марко Јагодиќ-Куриџа кој потпиша со Црвена звезда, односно Лен Харис и Марјан Чакарун.

Големац седна на клупата на Приморска во 2017 година. Во тековното првенство оваа екипа се наоѓа на четвртото место на табелата во АБА лигата, со идентичен скор како Партизан и Цедевита Олимпија.

Scroll to Top