Top Sport

Прошталниот говор на Спанулис: Доживеав моменти поради кои оќелавев

Василис Спанулис ја одржа прошталната прес конференција. 38-годишниот кошаркар, во јуни објави крај на кариерата.

Популарниот Били, кариерата ја заврши како еден од најдобрите грчки кошаркари во историјата. Изминатата деценија беше еден од најдоминантните кошаркари во Евролигата.

Прошталната прес конференција ја одржа во просториите на Олимпијакос, каде ги мина најдобрите денови во кариерата.

„Три пати во кариерата ја освоил Евролигата, еднаш со Панатинаикос, два пати со Олимпијакос. Во 2013 година беше МВП на лигата. Три пати во кариерата бил во идеалната петорка, во Евролигата. Со Грција освоил сребро на СП во 2006, односно злато и бронза на ЕП во 2005 и 2009 година.

„Играв за Маруси, Панатинаикос, Хјустон, повотрно Панатинаикос, но Олимпијакос покажа дека е мојата Отака. Сакам да им се заблагодарам на сите. Имав долго кошаркарско патување. Многу научив, доживеав моменти кои никогаш нема да ги заборавам. Формирав свое семејство, но она што го доживеав не може да се замисли. Доживеав моменти поради кои оќелавев“, рекол Спанулис.

Во текот на прес конференцијата, преку видео линк се обрати и Јанис Адетокумбо.

„Ми беше учител, ти благодарам. Да не беше Никос Галис немаше да го имаме Спанулис, а без Спанулис немаше тука да биде Јанис Адетокумбо. Сакам да ја преземам плаката во грчката репрезентација“, рекол освојувачот на НБА титулата со Милвоки Бакс.

Scroll to Top