По некомплетното седмо коло во кошаркарскиот шампионат на Македонија нема повеќе екипи кои се без победа, откако победи во оваа рунда забележаа Шкупи и Струмица.
Шкупи славеше во дуелот со актуелниот вицепрвак Карпош Соколи 86:77, додека Струмица во Битола го победи Пелистер 86:76.
На останатите натпревари Блокотехна го победи Охрид 92:78, Кожува загуби во дуелот со Куманово 67:82.
Колото ќе биде комплетирано кога ќе бидат одиграни натпреварите Гостивар-Работнички и Фени индустри-МЗТ Скопје.