Работнички останува без пораз и по девет кола во Првата лига во македонската кошарка, откако рутински со 95:75 го совлада тимот на АВ Охрид.
Пелистер по седум порази во Првата лига, стигна до 76:62 победа над Фени Индустри, тимот кој се соочува со големи проблеми и неизвесна иднина. И покрај ова кавадарчани имаа две одлични четвртини, пред во третата да загубат со 27:9 и да се одлучи победникот.
Гостивар со убедливи 111:83 го доби мечот со „новиот“ тим на Карпош Соколи, додека Куманово со 95:69 триумфираше над Шкупи.
ПРВА ЛИГА, 9.КОЛО
Пелистер – Фени И. 76:62
Шкупи – Куманово 69:95
Гостивар – Карпош Соколи 111:83
Работнички – АВ Охрид 95:75